Надал ќе учествува на турнирите во Пекинг и Шангај

Следната недела шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се врати на терените. 

ПР агенцијата која го застапува соопшти дека Надал ќе игра на турнирите во Пекинг и Шангај.

Надал ќе игра на турнирите во Кина.

Тој нема големи очекувања од настапите во Пекинг и Шангај, но очекува неговото враќање на теренот да помине во најдобар ред од аспект на залечената повреда, соопштуваат одговорните за односи со јавноста од тимот на Надал.

Шпанецот последен пат официјален меч одигра на почетокот од јули на Грен слемот Вимблдон, а по елиминацијата во осминафиналето, при еден тренинг ја повреди дланката и оттогаш отсуствува од терените.

Во Кина прво ќе се игра турнирот во Пекинг од 29 септември до 5 октомври, а потоа во Шангај од 6 до 12 октомври.

 

 

 

24.09.2014 - 15:58


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега