Мурињо: Роналдо мисли дека знае се - никогаш не прифаќа критики

Доскорашниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека најдобриот играч на кралскиот клуб Кристијано Роналдо многу тешко прима критики, мисли дека е најпаметен и знае се.

- Имав само еден многу едноставен проблем со Роналдо. Тој не знаеше да поднесе критика кога е во прашање тактиката и подобрувањето на играта. Можеби мислеше дека знае се и дека тренерот тука неможе да му помогне, изјави Мурињо.

- Кристијано имаше три феноменални сезони со мене, не знам дали му се тоа најдобрите во кариерата, бидејќи имаше фантастични моменти и додека играше за Манчестер Јунајтед, вели Мурињо.

Медиумите во Шпанија и во Англија објавуваат дека и покрај критиките, Мурињо сака и се обидува да го доведе Роналдо на „Стенфорд Бриџ“ заедно со Лука Модриќ.

најчитано сега