Шкендија со гол предност во реваншот против Вардар во Купот

Дерби дуелот од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, меѓу Шкендија и Вардар заврши со победа на домаќините со 2:1.

На средбата одиграна попладнево во Тетово, домаќините поведоа во седмата минута со голот на Бојан Вручина од пенал, а десет минути подоцна Бобан Грнчаров израмни на 1:1, резултат со кој се замина на одмор меѓу двете полувремиња.

Во 77-та минута Армед Алими со прекрасно изведен слободен удар го постигна вториот гол за домаќините за конечни 2:1 за тетовскиот тим.

Во останатите два натпревари во кои играа прволигашки екипи, Пелистер - Работнички и Хоризонт Турново - Брегалница завршија без голови 0:0.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Победа јуниор - Дрита 1:0, Силекс – Еуромилк 1:1,  Шкупи 1927 – Тетекс 0:1, Гостивар - Ренова 1:4 и Кожуф - Напредок 0:0.

Реванш натпреварите ќе се играат на 14 октомври.

24.09.2014 - 19:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега