Легнал на коловоз и приредил драма - што се случувало во Велес?

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот часот на улицата „Луј Пастер“ во Велес, 30-годишниот И.С. од Велес минувајќи покрај двајца полицајци кои вршеле редовна служба на наведеното место без повод и причина почнал да ги омаловажува и навредува со погрдни зборови.

При обид лицето да биде легитимирано, тој легнал на средината на коловозот и не сакал да стане и одбил да се легитимира.  МВР денеска соопшти дека И.С. е приведен во Полициската станица во Велес, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

25.09.2014 - 12:29


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа