Македонија се презентираше на автомобилски саем во Германија

Од 4-6 јуни годинава во Штутгарт, Германија се одржува годишниот саем во чии рамки истовремено се опфатени пет настани од областа на автомобилската индустрија. МЕѓународниот сае, е еден од најголемите собири од оваа сфера на кој  годинава присуствуваат повеќе од 650 компании од Европа, Азија, и Северна Америка.

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони зема учество на овој настан со свој штанд и преку директни контакти со претставниците на компаниите се презентира бизнис климата и инвестициските можности на Република Македонија. Посебен акцент е ставен на поволностите кои се нудат на инвеститорите во Технолошко-индустриските развојни зони. Неколку компании веќе изразија спремност за посета на Македонија и разгледување на слободните зони поради постоечката потреба на нивните компании за проширување на бизнисот и производствените капацитети во Европа.  

На настанот како панелисти учествуваат претставници на едни од најголемите компании од автомобилската индустрија како што се BMW, Ford, General Motors и други. Исто така, во рамките на овој саем ќе бидат прогласени и добитниците на меѓународните награди “Мотор на годината 2013” кои се сметаат за најпрестижни достигнувања во областа на производството на автомобилски мотори. 

Покрај Македонија, промоција на инвестициските капацитети во своите земји направија и Италија, Молдавија, Унгарија, Обединетото Кралство и Западна Вирџинија, САД.

најчитано сега