Започна ракометната Лига на шампиони

Синоќа стартуваше новата сезона во ракометната Лигата на шампионите со натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Киелце.

Ова беше дуел од Д групата каде фаворитот од Полска тимот на Киелце постигна победа од 33:28 (15:14).

Кај победникот најефикасен беше Денис Бунтиќ со 6 голови, а кај поразениот Мануел Линигер со 7.

Македонските екипи своите натпревари ќе ги одиграат во текот на викендот.

Вардар гостува кај Цеље (сабота), додека Металург е домаќин на ПСЖ (недела).

Распоред на натпреварите од 1.коло:
А група: Металург – ПСЖ, Ла Риоха – Мешков, ППД Загреб – Кил.
Б група: Висла – Бешикташ, Колдинг – Флензбург, Алингсас – Барселона.
Ц група: Цеље – Вардар, Чеховски медведи – Веспрем, Рајн Некар Ловен – Монпеље.
Д група: Кадетен Шафхаузен – Киелце 28:33, Данкерк – Алборг и ПИК Сегед – Мотор Запорожје.

26.09.2014 - 09:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега