Кордоба се збогуваше од Интер

Иван Кордоба не е повеќе клубск менаџер, соопшти тимот од Милан.

Причините за прекинот на соработката не се соопштени, а во клупското соопштение само се вели дека соработката е раскината во согласност на двете страни и дека Интер се поздравува со незаборавниот играч и голем човек Иван Кордоба, на кого му посака се најдобро.

Инаку, од пензионирањето во 2012-та година Кордоба беше менаџер на тимот. Дресот на тимот од Милано го носеше од 1999-та до 2012-та година.

 

26.09.2014 - 09:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега