Нема повеќе поплави - Градот Скопје ги решава проблемите на сите „црни точки“

Градот Скопје на терен почна да спроведува активности за справување со поплавите кои настануваат поради поројните дождови. Градскиот татко, кој денеска ја посетил улицата „Киро Глигоров“, каде се во тек градежни активности, информираше дека ќе се решат проблемите на сите „црни точки“ во Скопје.

-При поплавите лоцирани се десетина места на кои имавме проблеми. Улицата „Киро Глигоров“ кај подвозникот е едно од критичните места. Денеска тука ќе завршат градежните работи, во должина од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор, со кој проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. На постојниот атмосферски колектор имаше две прекршувања по 90 степени, а на овој начин ќе се исправи колектори и сметаме дека ќе се зголеми проточноста, истакна градскиот татко Коце Трајановски.

На оваа локација и на улицата „Павел Шатев“, прдвидена е и замена на пумпите, што ќе придонесе да се намали можноста од поплавување. На сите критични локации ќе бидат поставени попречни решетки, ќе се зголемат сливниците и ќе има продлабочување.

Колектор веќе е направен и на улица „Финска“, но главното решение ќе биде со изградбата на улица „Маџари“, каде покрај патната инфраструктура ќе се направи и атмосферски колектор од „Антон Попов“, па се до булеварот „Александар Македонски“. Тендерот за изградба на улица „Маџари“ ќе биде објавен најдоцна до 15 октомври.

Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на сите 10 критични места е околу 2 милиони евра.

28.09.2014 - 12:59

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега