Планинар од Битола почина симнувајќи се од планината Баба

Планинар од Битола на возраст од 67 години починал попладнево при слегувањето од врвот Неолица на Баба планина, пренесе „Дневник“.

 

Други планинари кои го придружуваа за „Дневник“ раскажуваат дека битолчанецот се онесвестил на ливада во близина на планинското село Брусник. Тие се обиделе со масажа на срцето да го спасат, но тој веќе не покажувал знаци на живот.
Планинарите случајот го пријавиле во полиција и од 17 часот чекаат полициски екипи да направат увид на местото, а брза помош да ја констатира смртта.

28.09.2014 - 22:58

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа