Четворица повредени во сообраќајка во Скопје

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 24 сообраќајки од кои 12 со телесни повреди и 12 со материјална штета.

Како што информира денеска СВР Скопје, вчера на подрачјето на главниот град се случиле три сообраќајни незгоди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило, еден сопатник и еден пешак. Случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во саботата се случиле 11 сообраќајки од кои осум со последица материјална штета и три со полесни повреди на тројца возачи и еден пешак. Во еден случај е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Уште 10 сообраќајки од кои четири со материјална штета и шест со полесни повреди се случиле во петокот. Полесно повредени биле пет возачи и еден пешак. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај

29.09.2014 - 08:54

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега