Голем пожар во градскиот Трговски центар - полицијата и пожарникарите на терен

Утрината по 4 часот,  пламнаа импровизираните тезги во Трговскиот центар во Штип. Брзата интервенција на пожарникарите успеала да ги спаси дуканите во приземјето на Трговскиот, но не и триесетината тезги, јавува Канал 77.

Штипската полиција врши увид на терен, по што ќе може да се знае причината за пожарот.

 

Холот на Трговскиот веќе дваесетина години е импровизирано место за продажба на текстил и ситна трговска стока. И покрај барањата на трговците за поставување на попристојни тезги и создавање на понормални услови за работа, сопствениците го оставија просторот таков каков што е со години. 

29.09.2014 - 09:30

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега