Починал дур се спуштал од Баба планина - трагичен крај за битолски планинар

Шеесет и седумгодишен битолчанец вчера попладне починал при обидот да се симне од врвот на Неолица на Баба планина, пишува „Дневник“.

Оние кои биле со него велат дека тој се онсесвестил на ливата во близина на планинското село Брусник. Тие направиле се за да го спасат. Се обиделе со реанимација, масажа на срцето, но попусто. Тој веќе не покажувал знаци на живот. 

-Падна мрак, а со него и температурите. Премрзнавме, но не го оставаме телото само в планина. Повикавме и други лица со џипови, но патот е тешко прооден, а не смееме сами да го поместуваме телото - изјавил вчера за весникот еден од панинарите што слегуваа од Неолица.

29.09.2014 - 11:31

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега