Град Скопје ги менува правилата за зонско паркирање

Од почетокот на октомври јавното претпијатие на Град Скопје, Градски паркинг го воведува зимското сметање на времето за паркирање.
Па така, на паркиралиштата со кои стопанисува Градот, во зоните А,Б и Ц од понеделник до петок, паркирањето ќе се наплаќа од 7 до 21 часот, а не како до сега, до 23 часот.
Во сабота, паркирањто ќе се плаќа до 14 часот.
Во неделите и за празниците паркингот останува бесплатен.
Во зоните Д, во скопсски Аеродром, наплатата од понеделник до сабота ќе се врши од 7 до 23 часот.

 

 

29.09.2014 - 11:36

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега