Нападнат таксист во Тетово - го расекле со нож и му земале 700 денари

Го нападнале и го ограбиле во сопственото такси возило.  Ноќеска околу 03:00 часот, во Тетово на ул. “Маршал Тито” додека Д.Н.(55) бил во своето такси возило, влегле две непознати лица и побарале да бидат превезени до село Брвеница, притоа укажуваќи му да вози по земјен пат до село Палиште. По ова, едно од непознатите лица репетирало пиштол ставајќи му го на главата, додека другото лице со нож му нанело расекотина во пределот на левата дланка при што му одзеле 700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

29.09.2014 - 12:31

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега