Јапонскиот пливач кој ја посрамоти целата земја

Јапонскиот пливач Наоја Томита е исфрлен од Азиските игри во Јужна Кореја поради кражба на скап фото апарат од еден новинар.

Јапонците црвенеат од срам. Никој во делегацијата не може да верува што направи поранешниот светски првак (2010) и еден од најдобрите нивни пливачи, 25-годишниот Томита.

Томита украл фото апарат вреден пет илјади фунти, но бил фатен и го признал делото, а на крај бил исфрлен од Азиските игри. Морал сам да си плати авионска карта за враќање во својата земја, каде што дочекот нема да биде убав, бидејќи за нив тоа е срам за целата земја.

„Тоа е кршење на најосновните правила на однесување. Не можам да се сетам дека нешто такво се има случено во минатото со јапонските спортисти на Азиските игри. Длабоко се извинуваме”, изјави Цијоши Аоки, шеф на јапонската делегација.

 

 

29.09.2014 - 12:46

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега