Игор Стефановски на дружба со со атлетите од Специјалната Олимпијада

Игор Стефановски - Иџе европскиот шампион на ридски патеки во категорија 1 и најдобар автомобилист денеска оствари средба со атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија.

Целта на оваа дружба е споделување на искуства и успеси кои атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија и Иџе ги остварија во изминатиот период.

Со тоа популарниот Иџе стави точка на најуспешната сезона како за него така и за историјата на македонскиот автомобилизам освојувајќи ја шампионската титула во Категоријата 1 со вкупно освоени 236 бода.

Специјалната Олимпијада на Македонија на неодамнешните „Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада“ во Белгија освои четири бронзени медали.

На победничкиот подиум се искачија Ајбази Себаат - атлетика 200 метри, Христијан Тутурески - атлетика 100 метри, Живко Стојанов - пинг понг и Александар Цветковски - бадминтон.

Настапот на ова меѓународно натпреварување на атлетите од Македонија го помогна компанијата „Мотоцентар“.

- Сите наши атлети се натпреваруваа во новата спортска опрема која што ја донираше компанијата „Мотоцентар“, со која бевме унифицирани и со која бевме репрезентативни натпреварувачи на игрите“, изјави Ана Петровска, Национален директор на Специјална Олимпијада Македонија.

„Мотоцентар“ е компанија која е долгогодишен пријател на Специјалната Олимпијада на Македонија.

- Сакавме да придонесеме во подготовките за годинешните летни игри и сметавме дека покрај сите останати работи кои им се потребни на нашите атлети, сепак дека спортската опрема е секогаш нај добредојдена.

Затоа ние се насочивме кон таа цел, да нашите репрезентативци имаат нова спортска опрема.

Знаеме дека ова е само мал дел од поддршката која име потребна, но се надеваме дека истата ќе допринесе во мотивацијата на нашите атлети. Ние секако ќе продолжиме со нашата поддршка за Специјалната Олимпијада на Македонија и нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски Иџе“, изјави директорот на компанијата „Мотоцентар“ Горан Гроздоски.

29.09.2014 - 14:40

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега