Изгубил контрола и удрил во банкина - 18 сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди. Од нив, 10 се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца мотоциклисти.

Се случиле и две незгоди со тешки телесни повреди. Првата незгода се случила во 16 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во која учествувал мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Истиот изгубил контрола над мопедот и удрил во пешак. Во незгодата со тешки телесни повредни се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди пешакот.

Втората незгода се случила во 40 минути по полноќ на обиколницата Тетово – Скопје во која учествувало патничко моторно возило „хонда сиви“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Истиот изгубил контрола над возилото и удрил во банкина. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 19 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 20 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

30.09.2014 - 09:56

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега