Нов, „зелен“ лик на населбата Пролет

Најстарата населба во Скопје, Пролет, добива нов изглед. Меѓу станбените блокови на потегот кај улиците „Мирче Ацев“ и „Цицо Поповиќ“ во завршна фаза е реконструкцијата на тревните површини и садењето 16 видови садници, претежно повеќегодишни, декоративни зимзелени грмушки, 14 јавори и две магнолии.

Како што соопшти Општина Центар, посадени се вкупно 779 садници, направен е автоматски систем за полевање чии прскалки ќе црпат вода од еден бунар за наводнување со техничка вода. Тревата на повеќе места е веќе зелена, а целата површина е уредена, постоечките дрвја искастрени, и се наѕира конечниот изглед на целото маало меѓу зградите, запуштано со години.

Предвидено е да се постават и 10 клупи и канти за ѓубре.

Општина Центар ја завршува големата акција за уредување седум илјади метри квадратни запуштена површина, со високо обраснати и исушени треви и коров, уништени дрвја и гранки кои беа потенцијална опасност за граѓаните во населбата Пролет. 

 

 

 

 

30.09.2014 - 10:55

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега