Општина Илинден: Урбанизирање на просторот за нови инвестиции

Се со цел да се излезе во пресрет на барањата на своите граѓани, но и на потенцијалните домашни и странски инвеститори Општина Илинден го урбанизира просторот.

Во таа насока, за потребите и барањата на инвеститорите донесенн е нов урбанистички план вон населено место Кадино за локалитетот 19, кој што се наоѓа во состав на локалната економска зона Марино-Кадино во опфат од 10,51 хектари, со намена за лесна и незагадувачка индустрија.

Со овој урбанистички план се овозможува формирање на шест нови градежни парцели со вкупна  површина од 2,73 хектари градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, кои ќе бидат понудени на електронско јавно наддавање на потенцијалните инвеститори.

Во насока на поддршка на постоечките стопански субјекти, усвоена е локална урбанистичка планска документација за површина од 10,31 хектар наменет за хотелско угостителска дејност.

Урбанизацијата ќе овозможи и формирање и уредување нови економски зони за привлекување домашни и странски инвестиции, со што директно ќе се влијае во интензивирањето на локалниот економски развој и отворање нови работни места.

30.09.2014 - 13:09

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега