Ммм... Бомбици со смокви

Потребни состојки:

500 г. суви смокви
150 г. мелени ореви
1 портокал
100 грама чоколадо за готвење
100 г. кафеав шеќер

Подготовка:

1. Сомелете ги смоквите и портокалот;

2. Во оваа смеса додадете го шеќерот, мелените ореви и стопената какао табла. Промешајте се добро додека состојките не се соединат;
3. Доколку е смесата ретка, додадете уште малку мелени ореви;
4. Направете кугли, и извалкајте ги во мелени ореви или шеќерните кристали;
5. Ставете ги во хартиени корпи.

Извор: Попара

01.10.2014 - 14:00

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега