Две деца останаа без татко - дрво уби човек во беровско

Трагедија го потресе беровско. Дрво падна и уби човек во атарот на Русиново.

Според податоците на Канал5, се работи за несреќниот Ѓорѓи Т. врз кој паднало големо буково дрво кое го сечел. Иако неговите соселани веднаш притрчале да помогнат и повикале Брза помош, за жал дрвосечачот им подлегнал на тешките повреди. Тој обилно крварел и имал повеќе скршеници.

54-годишниот беровчанец остави две деца без татко. 

01.10.2014 - 15:29

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега