Фудбалерите на Хановер добија забрана да го посетат Октоберфест

Тренерот на германскиот фудбалски клуб Хановер 96 Тајфун Коркут им забрани на неговите играчи да го посетат фестивалот на пивото - Октоберфест што се одржува во Минхен.

Коркут експлицитно им наложи на фудбалерите да се држат настрана од фестивалот на пиво, без разлика на исходот на натпревар против Баерн в сабота во Минхен.

Хановер во моментов е на 6.место на табелата во Бундес лигата и заостанува само четири бода зад лидерот Баерн. Оваа екипа последен пат на „Алијанц Арена“ победи пред осум години.

- Фестивалите служат за прослави, но само ако имате причина да славите, а еден натпревар секако не е доволна причина за тоа, рече Коркут.

Традиционалниот Октоберфест, каде што само минатата година се испиле 6,7 милиони литри пиво, завршува в недела, а Хановер во добро расположение патува во Минхен, со оглед на нивните 10 бодови од првите шест натпревари сезонава.

01.10.2014 - 16:45

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега