Уште 7.833 фирми треба да воведат фискален апарат со ГПРС уред

Еден месец пред истекот на рокот, 1.156 даночни обрзници регистрирале 1.595 фискални апарати со ГПРС уред.

До 31 октомври 2014 година се очекува 7.833 даночни обврзници да ја заокружат постапката. 

 

Од УЈП апелираат до фирмите, тие да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со ГПРС уред.

Фирмите се обврзани до крајот на октомври да се регистрираат на овој систем даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, обврзниците кои вршат угостителска дејност и бензиските пумпи. Вкупниот број на овие обврзнии е 8.989 со 26.679 фискални апарати.

Другите даночни обврзници на треба да се регистрираат до 31 јануари 2015 година. Нивниот вкупен број е 39.685 со 52.975 фискални апарати.

Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.

 

По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со ГПРС уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет.

02.10.2014 - 13:58

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега