Песната „Милена“ на „Нови фосили“ и била посветена на девојка од Неготино!

Еден од најголемите хитови во богатата кариера на групата „Нови фосили“, песната „Милена“, лидерот на групата и авторот на музиката Рајко Дујмиќ го посветил на девојка од Македонија со која во Херцег Нови  поминал цела ноќ во зборување, а потоа оваа вечер во текст ја преточил Зринко Тутиќ.

А која е Милена за која била напишана една од најубавите песни на познатиот бенд, за еден српски портал, објаснил Дујмиќ.

- Цела ноќ  седев со една Милена, моја генерација, и без прекин зборувавме до рани утрински часови. Таа беше социјална работничка во Неготино. И кажав: „Милена ќе завршиш во песна“. Не ми веруваше, мислеше дека тоа и го велам на секоја девојка“.

- На крајот и реков:„Сега ќе се разделиме и можеби никогаш повеќе нема да се видиме, но ќе видиш дека јас никогаш не лажам“. По две и пол години дојдовме во спортска сала во Неготино во рамките на турнеја која се викаше „Милена генерацијо“. Ми пријде редарот и ми кажа дека ме бара една жена со две деца и сопругот која тврди дека ме познава. Беше тоа мојата Милена. Кога ме виде таа почна да плаче и ми кажа дека не може да верува дека вакво нешто е возможно. Тогаш и кажав дека човек се држи за збор а вол за рогови“, раскажал Рајко Дујмиќ.

02.10.2014 - 14:28

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега