Јанкулоска во работна посета на Матејче

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска оствари работна посета на Полициското одделение во липковското село Матејче.

Таа нагласи дека Полициското одделение во Матјече е едно од одделенијата кое покрива најголем број населени места и тоа 21 со околу 30 илајди жители.

Министерката Јанкулоска посочи дека МВР има стопроцентна покриеност на подрачјата на ова полициско одделение.

- Статистиката говори дека состојбите во последниве години во надлежност на МВР, што значи бројот на регистрирани кривични дела прекршоци од областа на јавниот ред и мир, состојбите во сообраќајот бележат позитивни трендови и ваквите позитивни трендови не се само на територијата на полициското одделение на Матејче, туку и на целата територија на Секторот за внатрешни работи на Куманово, рече министерката Јанкулоска.

Бројката на регистирани кривични дела на територијата на полициското одделение на Матејче во сите 21 населено место бележи намалување од 3,1 процент. Прекршоците од областа на јавниот ред и мир бележат намалување за дури 40 проценти во однос на изминатата година.

 - Овие позитивни трендови на подрачјето на Матејче во 21 населено место се во директна корелација со подобрување на состојбите во СВР Куманово каде што бројката на регистрирани кривични дела бележи намалување за 17,3 проценти, а бројот на расветлени кривични дела е над 50 проценти, истакна Јанкулоска. 

Според неа, бројот на прекршоците против јавниот ред и мир на територијата на СВР Куманово е намален за цели 13,9 проценти.

 - Што претставува позитивен тренд ист како и трендот на регистрирани сообраќајни прекршоци и незгоди во текот на 2014 каде што има намалување за 9,3 прценти, рече Јанкулоска.

Матејче е безбедно место за живеење, нагласи министерката Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање.

 - Изразено и низ перцепцијата на граѓаните кои живеат на ова подрачје и изразено низ статистичките податоци во текот на неколку последователни години бројките кои ги цитирав евидентно е дека безбедносната состојба на територијата на ПО Матејче во 21 населено место не е само безбедна туку бележи позитивни трендови, појасни таа.

Јанкулоска потенцира дека полицијата влева доверба кај локалното население и значаен е фактот што полициските патроли на дневна основа успеваат да ги посетат сите населени места во ова подрачје.

 - Контактот со граѓаните е секојдневен, директен. Тие секогаш може да се обратат за прашања од надлежност на МВР, но и за прашања со други теми за кои граѓаните сметаат дека полицијата на еден или друг начин треба да ги знае или може да им помогне и да ги разреши, изјави министерката за вантрешни работи.

Министерката Јанкулоска денеска на градскиот плоштад присуствуваше на реализацијата на проектот за превентивност на Одделението за превенција при СВР Куманово насловен „Повлечи потег заштити го својот имот навреме“ којшто СВР Куманово го спроведува во соработка со пензионерите од градот.

02.10.2014 - 15:30

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега