Водителот во емисијата на Би-Би-Си во живо му покажува на претседателот на Кока Кола колку шеќер има во пијалокот

На Би-Би-Си во емисија во живо, водителот упорно покажуваше колку шеќер има во пијалокот на Кока Кола, сипувајќи шеќер од стандардните Кока – кола чаши. Претседателот на компанијата на Кока Кола, во Европа, промрморе говорејќи дека во „Зеро колата шеќерот го нема. Се разбира Зеро Колата е пренатрупана со аспарат кј го нарекуваат неиротоксин.

Ние конзумираме толку шеќер што е речиси невозможно да се поверува, природен или органски и веројатно е една од најлошите можни работи кои можеме да ги јадеме. Тој има низа на штетни супстанци по здравјето кои можат да придонесат за заболување од дијабетис или рак.

Пред две години во угледниот магазин „Nature“ објавен е текст кој носи доста бомбастичен наслов. „Токсичната вистина за шеќерот. Авторите се предупредуваат за шеќерот кој може да предизвика наштетување по здравјето на човекот и воопшто нациите. Потоа наведуваат цврста хипотеза за контрола на достапноста на шеќерот по сличен модел како што се пристапува на проблемот со алкохолот.

Имено во септември во 2011 година, одредени народи за прв пат во човековата историја се случило да хронично незаразни болести како што се болестите на срцето, карциномот, и дијабетисот) ги надминале заразните болести.

Тој проблем се случува кај сите земји кои ги имаат усвоено таканаречените западни начини на исхрана и поради тоа бележат значителен пораст на болести од ваков тип.

Денеска во светот 30% повеќе луѓето патат поради дебелината. Но не е проблем само дебелината. Дур 40% од луѓето кои се хранат по западните стандарди, го имаат развивиено метаболичкиот синдром, а тоа значи појава на дијабетис, зголемивање на крвниот притисок и проблеми со разни маснотии во крвта, кардиоваскуларни болести, презамореност во подрачјето кај половината и горниот дел на телото.

За сите овие современи болести главен виновник се цигарите, алккохолот, и неправилната исхрана, според извештајот на ОН. Пушењето и алкохолто се под надлежност на владата и јавните здравствени установи, а храната е тешко да се регулира затоа што е клучна за одржување на животот.

Авторите наведуваат дека ваквите токсични супстанци во пијалоците и храната предизвикуваат зависност кај организмот.

Шеќерот стана популарен во САД на крајот на 1970-те години, затоа што бил евтина алтернатива од редовните шеќерни трски. Во просек ние конзумиране 27 лажички шеќер дневно, а здравствената препорака на дневна база не дозволува повеќе од шест лажички за жените и девет за мажите. Останува прашањето зошто конзумираме толку многу шеќер и го додоваме на се на што јадеме?

 

Неодамнешната студија UCLA утврдила дека шеќерот е и причина за намалување на IQ кај човекот, а во друга дури и дека истиот предизвикува зависност како и хероинот.    

02.10.2014 - 19:14

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа