ФОТО: Иванов на Спортски бон-тон во Маврово - Ростуше

Спортско културната манифестација во рамките на проектот „Традиционални спортски игри - Спортски бон-тон"  денеска се одржа на терените кај ски-центарот во Маврово. Целта на проектот е да се промовира Спортски бон-тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи.

ivanov500

Проектот се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.

На денешната манифестација во Маврово присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, координаторот на проектот Иван Атанасоски и градоначалникот на општината Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.

- Сакаме децата преку спорт да ги социјализираме и во нив да го поттикнеме тимскиот и колективен дух, рече  Атанасоски и додаде дека преку дружењето на децата треба да се зачуваат игрите од нашите постари.

ivanovvv500

Градоначалникот Мехмеди рече со денешното дружење децата ги потсетиле повозрасните на игрите кои ги играле како деца.

- Истовремено преку овие игри децата ги оддлечува од компјутерите на сметка на дружење во природа, додаде Мехмеди.

„Традиционалните спортски игри - Спортски бон-тон" се одржуваат под покровителство на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, а со поддршка од американската амбасада во Македонија. 

02.10.2014 - 19:40

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега