Победа на Кил на отворањето на вторто коло од Лигата на шампионите

 

На првиот натпревар од 2.коло од Лигата на шампионите ракометарите на Кил постигнаа победа.  

Синоќа на домашен терен во натпревар од А групата го совладаа шпанскиот тим Ла Риоха со 34:32. Најефикасен со 12 гола беше Арон Палмарсон.

Македонските претставници своите натпревари од оваа рунда ги играат во сабота. Шампионот на Македонија, Металург гостува кај Брест Мешков, додека Вардар ја пречекува екипата на Чеховски медведи.

Распоред на натпреварите од 2.коло:
А група: Кил – Ла Риоха 34:32, Мешков – Металург и ПСЖ – ППД Загреб.
Б група: Барселона – Висла, Бешикташ – Колдинг, Флензбург – Алингсас.
Ц група: Вардар – Чеховски медведи, Веспрем – Рајн Некар Ловен, Монпеље– Цеље.

 

03.10.2014 - 09:12

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега