Стручно советување за гинеколози

Во Музејот на македонската борба-Скопје, КриоСејв Македонија во соработка со Здружението на гинеколози и обстетричари на Македонија денеска организира стручен состанок за сите гинеколози и акушери во државата.

Покрај домашни предавачи, свое стручно предавање ќе имаат и двајца еминентни професори од Србија, проф. Д-р Соња Павловиќ, Институт за молекуларна генетика и генетски инжењеринг, Белград која ќе зборува за новиот неинвазивен пренатален ДНК тест за рана дијагностика на Даунов синдром и други хромозомски аберации и проф. Д-р Амира Фазлагиќ, Национална асоцијација за унапредување и развој на регенеративна медицина, Белград на тема Регенеративна медицина и предиктивна медицина на 21 век.

Со ова КриоСејв ја воведува новата услуга неинвазивен пренатален ДНК тест -Транквилити за рана дијагностика на Даунов синдром и други хромозомски аберации кој од денес ќе биде достапен за сите бремени жени во Македонија. Овој тест без никаков ризик може да се направи многу рано уште од деветата недела во бременоста. 

03.10.2014 - 09:24

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа