Кајт ја заврши репрезентативната кариера

 Фудбалерот на турски Фенребахче, Дирк Кајт донесе одлука да стави крај на репрезентативната кариера, па така селекторот на Холандија Гус Хидиник нема повеќе да го повикува за репрезентативните настапи.

Триесет и четири годишниот офанзивен играч досега има настапувано во холндските екипи Утрехт и Феенорд, како и во премиерлигашот Ливерпул.

- Дојде време да се каже збогум на настапите во репрезентацијата. Бескрајно сум горд на десетте прекрасни години што ги минав бранејќи ги боите на својата земја, изјави Кајт за веб-страницата на холандската фудбалска репрезентација.

Своето деби за „лалињата“ Кајт го имаше против Лиштенштајн во септември 2004 година. Одигра 104 натпревари за Холандија и постигна 24 голови. Воедно со својата репрезентација играше на три светски првенства и на два европски шампионати.

Со репрезентацијата на Холандија има освоено второ место на СП 2010 година и трето место на СП 2014 година.

03.10.2014 - 16:17

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега