Ѕвездата на Барселона сепак ќе одговара за даночна измама?

Фудбалската ѕвезда на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси ќе биде изведен на суд под обвинение за даночна измама, одлучија судиите кои го истражуваат овој случај.

Меси и неговиот татко Хорхе, кој е дел од овој случај, на неколкупати досега беа сослушувани, откако шпанската Управа за приходи ги обвини за затајување данок.

Според проценките на даночните власти, државата била оштетена за четири милиони евра.

Адвокатите на Меси тврдат дека тој не е виновен и дека не сторил ништо противзаконско.

Наложувајќи судски процес против фудбалерот на Барселона, Судот не ја прифати препораката на Обвинтелството да се отфрли обвинувањето против него, затоа што татко му Хорхе Меси бил одговорен за финансиските работи, како и за приходите на својот син.

Таткото Меси, како и синот, ги отфрла обвинувањата за даночна измама, кои потекнуваат уште од пред повеќе од седум години. Шпанските медиуми објавија дека Лионел Меси во меѓувреме ги има платено долговите кон даночната служба на Управата за приходи.

03.10.2014 - 16:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега