Барселона руши рекорди во Примера

Екипата на Барселона славеше победа против Рајо Ваљекано со 2:0 и одново се врати на првото место во шпанската Примера.

Каталонците на овој натпревар соборија неколку рекорди во Примера.

Барселона е првиот тим во историјата на „Ла Лига“ која не примила гол на седум натпревари по ред.

Голманот Клаудио Браво е првиот кој на стартот на сезоната својата мрежа ја има сочувано и по 630 минути игра без да прими гол.

Воедно, тимот од „Камп Ноу“ е единствената екипа во историјата на Примера, која на стартот од сезоната има постигнато повеќе од 17 голови (досега 19), а притоа да не прими ниту еден.

Инаку, вчера во Примера беа одиграни пет, а денеска на програмата се уште четири средби.

Резултати и двојки од 7.коло во фудбалското првенство на Шпанија.

Петок

Гетафе – Кордоба 1:1

Сабота 
Валенсија - Атлетико Мадрид 3:1, 
Рајо Ваљекано – Барселона 0:2, 
Еибар – Леванте 3:3, 
Алмерија – Елче 2:2, 
Малага – Гранада 2:1,

Недела 
12:00 Севиља - Депортиво Ла Коруња, 
17:00 Селта Виго – Виљареал, 
19:00 Еспањол – Сосиедад 
21:00 Реал Мадрид - Атлетик Билбао.

Табела: 
Барселона 19 бодови (+1 натпревар повеќе), 
Валенсија 17 (+1)
Атлетико Мадрид 14 (+1), 
Севиља 13, 
Реал Мадрид 12, 
Селта Виго 12... 

05.10.2014 - 10:56

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега