Пратениците со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пред Комисијата за труд  е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа во прво читање, Комисијата за одбрана  треба да расправа по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството во прво читање, додека членовите на Комисијата за земјоделство ќе ги рзгледаат  предлог - измените и дополнувањата на Законот за здравјето на растенијата во прво читање. 

07.10.2014 - 09:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега