Земјотресот попладнево ја стресе цела Македонија

Земјотрес  со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Скопје и околината денеска во 12 часот и 45  минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија Скопје. 

Епицентарот на земјотресот е на околу 20 километри северно од Скопје и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот го регистрира телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

07.10.2014 - 14:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега