Вељаноски се сретна со британските парламентарци Бинли и Причард

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски денеска оствари средба со членовите на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Брајан Бинли и Марк Причард.

На средбата стана збор за актуелните состојби во двете земји, како и за евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Бинли и Причард искажаа поддршка за македонското членство во НАТО и Европската унија, истакнувајќи воедно дека ќе се заложат за претставување на Република Макдонија и нејзино актуелизирање.

Претседателот Вељаноски ги потенцираше трпеливоста и оптимизмот што ги има македонската страна на патот кон интегрирањето и дека е од особено значење да бидеме формално интегрирани во европските процеси бидејќи и територијално припаѓаме на Европа. Беше потенцирана и важноста од развој во сите области кои придонесуваат кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните со најголем акцент на економскиот развој. 

На средбата беа истакнати важноста и позитивните продобивки кои ги носи парламентарната дипломатија што се остварува преку овој вид разговори, како и сите соработки кои Собранието на Република Македонија ги имало со Обединетото Кралство. Исто така беше потенциран и континуираниот пријателски однос на двете земји.

07.10.2014 - 16:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега