Батистута заплака во „Куќата на славните“

Новиот член во „Куќата на славните“ на Фиорентина е Аргентинецот Габриел Батистута,  а на свечениот прием тој реагираше многу емотивно и заплака.

Среќен сум што и официјално влегувам во историјата на Фиорентина. Бев многу возбуден кога ме повикаа да дојдам, а сега сум одушевен, изјави Батистута.

Популарниот „Бати-гол“ стана еден од најдобрите напаѓи во историјата на „виолетовите“. На 332 натпревара постигнал 207 голови.

За својата посветеност кон Фиорентина и придонесот клубот да се издигне меѓу подобрите во Италија, Батистута доби и биста пред стадионот „Артемио Франки“.

45-годишниот Батистута за Фиорентина настапуваше во периодот 1991-2000 година.

 

08.10.2014 - 10:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега