Со пиштол и палки повредиле млад овчар - кривични за татко и син од тетовско

36 годишниот Б.И. и неговиот татко Р.И. (61) од селото Желино си заработија кривични пријави откако во април годинава го нападнале 23 годишниот Р.К.

Од полицијата информираат дека на 22. април годинава, на местото викано „Муграч“, атар на селото Желино, Б.И. и Р.И. започнале вербална расправија со албанскиот државјанин Р.К. кој во моментот го напасувал добитокот. Р.И. со пиштол му се заканил на момчето, за потоа заедно со својот син крвнички да го претепаат употребувајќи дрвен предмет.

Од нападот, 23 годишникот заработил телесни повреди во пределот на ногата.

најчитано сега