Кин: Го одбив Реал од страв да не бидам резерва

Рој Кин поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед  во својата автобиографија изрази каење што не го прифатил повикот од Реал Мадрид да заигра за тој клуб.

Во 2005 година ми се јави легендата на Реал Емилио Бутрагењо и ми рече дека ме сакаат во екипата и дека ќе им биде мило да одам во Мадрид.

Во тој момент бев во тоалет и ја одбив понудата, наведува Кин.

Тој смета дека таквиот негов потег, од денешен аспект не бил исправен.

- Требаше подобро да размислам.

Не ја прифатив понудата од страв дека би можел да седам на клупата и да немам влијание на играта.

Беше тоа најатрактивниот предизвик во мојата кариера, а јас го одбив, истакнува Ирецот и додава дека донел погрешна одлука.

Кин подоцна од Манчестер Јунајтед направи трансфер во Селтик каде што ја заврши кариерата. 

 

08.10.2014 - 10:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега