Баланс+ свежото млеко е најдобрата опција за здрав појадок и активен животен стил

Денес во ресторанот Déjà vuБимилк го претстави првото функционално свежо млеко на пазарот, Баланс+. Производот е наменет за сите оние кои се трудат да водат активен животен стил и во својата исхрана да внесат колку може повеќе здрава храна полна витамини и хранливи состојки.

Баланс + свежото млеко ги обединува здравствените придобивки од консумирање на свежо млеко и пребиотик инулин, состојка која помага во процесот на варење на храната и која го забрзува метаболизмот. Дејството на пребиотик инулинот овозможува чувството на леснотија преку целиот ден која се добива со редовно користење на Баланс+ производите.

Богатиот вкус на свежото млеко и ниската маслесност од само 1% млечна маст го прават Баланс+ свежото млеко одличен избор за појадок секогаш кога сакаме свеж и вкусен почеток на денот.

 

Практичните пакувања од 750мл. веќе се достапни во супермаркетите низ целата земја. Баланс+ свежото млеко не е  потребно да се вари пред консумирање, за зачувување на неговата свежина доволно е да се чува во фрижидер и да се користи во рок од три дена по отворање на пакувањето.

09.10.2014 - 15:00


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега