Злато за Публицис Македонија на фестивалот Голден Драм 2014

 

На еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот „Голден Драм”, 2014 кој се одржува традиционално во Порторож, Словенија, агенцијата Публицис Македонија доби Злато („Golden Drum”) за кампања за Односи со јавност.

Признанието „Golden Drum” е во категоријата Односи со јавност, подкатегорија: социјална одговорност за проектот насловен како Alzheimer’s News Editors реализиран за Националниот институт за неврологија.  Стручното жири меѓу 17-те финалисти и голем број на предходно  доставени проекти за односи со јавност кои конкурираа, се определи за Злато за кампањата на агенцијата Публицис Македонија. Наградата се добива за креативност како и за ефикасноста на кампањата, односно колку таа придонела за надминување на одредени проблеми во локалната заедница. Успехот на кампањата се должи на исклучителна соработка во која беа вклучени и трите водечки национални весници и петте најголеми ТВ станици, за да се информира 68% од вкупната популација, и тоа без медиумски буџет.

09.10.2014 - 15:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега