Бесплатно извршена успешна операција на катаракта по повод Светскиот ден на видот

Успешна операција на катаракта вчера бесплатно изврши тим во Систина Офталмологија врз 64-годишна пациентка, а по повод 9 Октомври, Светски ден на видот. Пет до 6.000 лица во Македонија годишно имаат потреба од операција на катаракта.  

Ова денеска го изјави директорот на Систина Офталмологија, специјалист по офталмологија Златко Арнаудовски кој рече дека интервенцијата на катаракта се изведува како една многу лесна, брза и ефикасна метода на еднодневна хирургија која се вика фако емулзификација. 

Посочи дека со низа хуманитарни активности се вклучуваат во одебележување на Светскиот ден на видот. Денеска организираат бесплатно мерење на очниот притисок во ТЦ Зебра од 13 до 16 часот, а нивни лекари специалисти ќе бидат присутни таму за консултации со сите заинтересирани во врска со очните болести.

Пациентката се заблагодари на тимот кој ја изврши операцијата.

- Сега можам да се движам без никакви проблеми. Се чувствувам добро. Подолго време имав проблеми. Првото око ми го оперираа во февруари, но другото око почна веднаш потоа да зафаќа перде. Дијабетичар сум. Проблемите се појавуваа во ноќните часови кога не можев да гледам. После операцијата можам да гледам, истакна пациентката.   

Одговарајќи на новинарско прашање Арнаудовски рече дека возрасната граница почнува да се намалува, а причините за појава на катаракта кај помладите генерации треба добро да се анализираат почнувајќи од загадувањето, разните зрачења, неконтролирано користење лекови, низа болести. Додаде дека оперираат и едномесечни бебиња кои имаат вродена катаракта. 

09.10.2014 - 15:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега