Екстерното за студентите засега е само идеја

Воведувањето на испит за проверка на знаењето за студентите на факултетите засега е само идеја.

Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Тој посочи дека со широка дебата треба да се утврди дали за тоа има потреба, и доколку има, на кој начин да се направи тоа, а да не се загрози Болоњскиот систем и да не се наруши автономијата на универзитетите.

Министерот истакна дека и кога го најавил испитот за тестирање на занаењето на факултетите посочил оти тоа е само идеја која треба да отвори дебата за потребата и потоа за начинот на кој тоа може да се спроведе.

- Во ниту еден момент МОН и јас како министер нема да преземеме никакви чекори без да се дебатира, без да се вклучи академската заедница односно универзитетите. Тоа нема да биде решение кои може да го загрози прво Болоњскиот систем, а потоа и автономијата на универзитетите. Далеку од тоа. Ниту размислуваме за такви решенија. Меѓутоа драго ми е што сите дебатираат за оваа тема особено академската заедница и оние кои се најзасегнати по ова прашање студентите, рече Адеми одговарајќи на новинарски прашања на одбележувањето на јубилејот на СЕЕФОРМ.

Отворањето на прашањето за тоа во кои студентски години би можел да се воведе таков испит, потенцира тој, е предложената идеја, со оглед на тоа што согласно болоњскиот процес е конципиран на 3+2 студии.

Адеми истакна дека ќе го исполни тоа што го ветил на интеруниверзитетската конференција, односно дека сите измени во законот за високо образование ќе се дебатираат на тоа тело, затоа што смета дека тој орган е многу битен за носење на  каква било одлука која се однесува на високото образование.

Додаде дека се што е во функција на поквалитетно високо образование ќе биде направено, но во соработка со универзитетите.

09.10.2014 - 15:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега