Велес: Првачињата примени во Детската организација

Во склоп на одбележувањето на Детската недела покрај низата активности на училиштата, денеска во општина Велес се изврши и прием на првачиња во Детската организација.

На присутните првачиња од сите основни училишта од општина Велес и на нивните наставници им се обрати градоначалникот Славчо Чадиев, кој и им посака многу здравје, весело детство и успех во образованието.

- Секогаш ќе ги поддржувам и ќе се заложувам за осовременување на образованието. Сакам и во иднина првачињата повторно да ги сретнам, но како изградени и успешни млади личности, им порачал градоначалникот.

09.10.2014 - 17:06


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега