ФФМ ја прифати оставката на Зисовски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница ја прифати оставката на досегашниот Генерален секретар Димитар Зисовски. Оставката од функцијата Генерален секретар Зисовски ја даде од лични причини. Тој и во наредниот период ќе биде дел од ФФМ.
 
Управниот одбор на ФФМ го назначи Филип Поповски за в.д. Генерален секретар на ФФМ.
 
Поповски од 2002 година е во ФФМ. Ја извршуваше функцијата лиценцен менаџер во одделението за лиценцирање и менаџер за квалитет. Има завршено магистерски студии за спортски менаџмент организирани од страна на УЕФА (MESGO) и магистарски студии за човечки ресурси за мали и средни претпријатија.
 
На денешната седница Управниот одбор на ФФМ ги донесе и пропозициите за Втора лига во футсал за натпреварувачката сезона 2014/15.
09.10.2014 - 17:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега