Кои делови од Скопје утре ќе останат без струја?

Дел од потрошувачите од улицата „Мите Богоевски“ утре од 9 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и селата Долно и Горно Свиларе, Орашје, Дворце, Радуша, Медресата во Кондово, како и објектите на патот од Кондово до Долно Свиларе, од 8:30 до 14:30 часот потрошувачите од улицата „Перо Наков“ во населбата Керамидница, а од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе се и потрошувачите од улицата „Алекса Демниевски“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

09.10.2014 - 17:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега