Уште едно лице со симптоми на ебола на Инфективна во Скопје

Пријател на Британецот кој почина попладнево со симптоми на ебола е задржан на Клиниката на инфективни болести, јавува Сител.

 infektivna-klinika-500

Вториот Британец кој исто така имал симптоми на ебола бил веднаш хоспитализиран каде е под лекарска терапија и медицински надзор.

Под силно полициско обезбедување е просторот кај трговскиот центар Мавровка каде во хотел биле сместени двајцата Британци.

Министерството за здравство закажа вонредна прес конференција, по што ќе бидат познати повеќе детали.

09.10.2014 - 19:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега