Пукна опозициската коалиција: НСДП се враќа во Собранието

Серизно проблеми ја тресат опозициската коалиција, дознава Press24 од партиски извори. Според нашите информации, тројцата пратеници на Тито Петковски од НСДП се на чекор до враќање во Собранието. Мисовски, Мираковска и Јосифовски најверојатно ќе го прифатат пратеничкиот мандат и на една од наредните седници ќе седнат во пратеничките клупи.
Дека односите на релација Петковски - Заев ја поминаа критичната точка покажува и податокот дека советничката на НСДП Марија Бошковска Јанковиќ веќе неколку седници не се појавува на работа во Советот на општина Центар со што коалицијата предводена од СДСМ нема мнозинство за да носи одлуки.
Од НСДП вечерва не може да се добие коментар, а на својот телефон не се јавува и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. 
Во меѓувреме, партиски извори за Press24 велат дека вкупно 10 пратеници потврдиле дека се враќаат на работа во Собранието, со што целосно се руши политиката на бојкот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски неодамна во интервју за Press24 најави дека по Извештајот на ЕК ќе закажае седница на која пред пратениците ќе ги стави оставките на опозционерите. Во меѓувреме, до крајот на месецов истекува и рокот од 6 месеци во кој пратениците мораат да се појават на работа во Собранието пред да им престане мандатот поради неоправдани отсуства.

09.10.2014 - 20:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега