ФОТО: Се уште врие полиција во Мавровка - атмосферата пред хотелот во моментов

Ставена е забрана за влез на лица, затечените лица се ставени во карантин, а исто така и медицинските лица кои биле во непосреден контакт со пациентот се ставени во карантин, се до добивање на првичните резултати.

 Пациентот имал симптоми на благо покачена телесна температура–37.4 C, што не соодветствува на ебола, имајќи во предвид дека карактеристична температура за лица заболени од ебола е над 38.5 C. Сепак, брзата и тешка клиничка слика, повраќање внатрешно крварење, и ненадејна и брза смрт, се симптоми за ебола, што постави сомнеж и кај овој пациент.

Согласно протоколите, при појава на вакви симптоми, се преземаат сите мерки како да се работи за високоризична болест. За таа цел, за да се потврди дали станува збор за болеста, се врши обдукција и се испраќа материјал за анализа во референтна меѓународна лабораторија. Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб постојано заседаваат. Иако се големи шансите да не се работи за ебола, надлежните работат согласно стандардна оперативна процедура (сите донесени протоколи за постапување) како да се работи за случај сомнителен за ебола.

09.10.2014 - 21:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега