Последниот рок за пратениците на СДСМ истекува на 10 ноември

На 10 ноември истекува последниот рок за пратениците на СДСМ да се вратат во законодавниот дом. Доколку спикерот Вељаноски претходно не ги стави нивните оставки пред пратениците, согласно Уставот, на 10 ноември истекуваат 6 месеци од верификацијата на нивниот мандат, по што, Комисијата за мандатно имунитетни прашања во Собранието ќе треба да заседава и да констатира престанок на нивниот мандат, по што местата ќе се понудат на следните пратеници на листите. 

Експертите очекуваат дека дел од пратениците ќе се вратат во Собранието пред истекот на овој рок.

„Доколу 6 месци неоправдано отсуствуваат од Собранието, Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да заседава и да констатира основ за поведување на постапка за одземање на нивните мандати. Но во тој процес на одземање на мандати мислам дека многу пратеници кои се наоѓаат на тие листи ќе се одважат и ќе го прифатат мандатот“ - изјави во Пулт на Радио Слободна Македонија професорката Татјана Каракмишева Јовановска.

10.10.2014 - 11:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега