Ставрески и Богов во Вашингтон на Годишни средби на ММФ и СБ

Македонска делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов од денеска учествува на редовните Годишни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд Во Вашингтон.

Како што соопшти Министерството за финансии, предвидено е вицепремиерот Ставрески да оствари средби со високи претставници на Светска банка, ММФ и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ставрески ќе има состаноци со извршниот директор на Светска банка Френк Хемскерк, со потпретседателката Лаура Пак и со директорката за регионот и Македонија Елен Голдстајн. Од ММФ вицепремиерот ќе се сретне со извршниот директор на Фондот Мено Шнел, заменик директорот за одделот Европа Филип Герсон и шефот на тимот за Македонија Ивана Владкова Холар.

Есенските состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите челнки на кои дидскутираат за актуелните случувања во светската економија.

10.10.2014 - 15:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега